Хрватска: Вработените во јавниот сектор со 25% повисоки плати од приватниот

54

kuniХрватска има околу 17,2% вработени во јавниот сектор, за чии плати се издвојува 10% од БДП, според последните податоци на Меѓународната организација за труд. Анализата на Економскиот институт потврди дека вработените во јавниот сектор се 25% подобро платени од приватниот, пишува Јутарњи лист.

Анализата на OECD за јавниот сектор покажува дека преку половина од земјите во OECD во кризата ги замрзнале или ги намалиле платите, додека 15 земји дури и отпуштале вработени од овој сектор. Вкупните заштеди се движат од 0,6% до 0,8% БДП. Најголеми кратења на платите имало во Грција, за 20%, а во Чешка се намалени за 10% и спроведени се големи реформи.

Повеќето кратења се направени уште во 2010 година, додека вработените во јавните и државни служби во Хрватска без регрес и божиќница останаа дури во 2012 година. По повеќемесечни преговори, во март 2013 година платите во јавниот сектор се намалени за 3%, што е најмало намалување во земјите што најсилно ги зафати кризата, пишува Јутарњи лист.