Хрватски бизнисмен гради деловен објект во БиХ вреден два милиони евра

29

Индустриската зона Дусина, којашто се наоѓа во населбата Орашје во Босна и Херцеговина ќе добие нов деловен објект вреден два милиони евра, пишува Biznisinfo.ba

Инвеститорот е група Maxhof, компанија којашто се занимава со производство и дистрибуција на апарати за домаќинство, а како што тврдат и од општината Орашје складишниот простор е веќе закупен.

Сопственикот на фирмата е претприемач од Загреб кој со години води успешен бизнис во Синапур и Швајцарија.

Според плановите на инвеститорот, во комплексот, за најмногу две години, ќе се вработат од 50 до 100 работници кои ќе работат и за светскиот пазар, а доколку бизнисот се покаже успешен ќе следат нови инвестиции.

Фото: Pixabay