Хрватските јавни претпријатија направиле загуба од 34 милиони евра

41

hr drzavni kompaniiНајголемите 21 хрватски компании во државна сопственост, во првите девет месеци во 2012 покажаа дека се многу позадолжени за разлика од истиот период 2011 година и акумулирале огромни загуби. Оваа група компании за девет месеци направиле загуби од 34 милиони евра, што е катастрофа во однос на истиот период 2011 година, кога фирмите за државата заработиле 76,4 милиони евра.

Меѓу загубарите потонаа и Хрватска лотарија (ХЛ), Хрватско електростопанство (ХЕП) и Хрватска пошта (ХП), а Хрватски железници (ХЖ) ја зголемија загубата. Само ХЖ и ХЕП се одговорни за загуба од 62 милиони евра. Проблемот не е недостаток на приходи, туку зголемување на расходите, но и растот на задолжувањата. Меѓу долгорочните обврски кои главно се однесуваат на кредити, долгорочни корпоративни обврзници и слични задолженија, креирани се 502,3 милиони евра нови обврски.