Хуманитарна аукција Единствени во заедништво

31

62437e19-da1c-4b7b-931c-b2efa8871e7b

Во понеделник, 22 февруари 2016 година, во 20 часот, во ресторан пица бар Everyday, ќе се одржи хуманитарен настан Единствени во заедништво, во организација на невладината организација Хуман Свет.

За време на хуманитарниот настан ќе се организира аукција на уметнички дела на  реномираниот македонски ликовен уметник, Живко Поповски – Цветин, на која за хуманоста ќе наддаваат македонски бизнисмени.

Собраните средства од аукцијата се наменети за децата од Домот без родители 11 Октомври и децата од Домот за деца со воспитно – социјални проблеми 25 мај во Скопје. Собраните средства ќе се искористат за личен раст и развој на децата.

Аукцијата е потпомогната од Лајонс клуб Вардар.