Хуманитарната акција на Стопанска банка Подари насмевка ќе трае цело лето

22

stopanska

По повод 70-годишнината од постоењето на Стопанска банка, изминатиов викенд во неколку градови низ Македонија беа одржани различни настани како дел од големата хуманитарна акција Подари насмевка. Во саботата на женската плажа во Струга голем број на млади стружани, како и туристи од земјава се забавува со групата SouthPark и ДЏ Илина Ангел и ја подарија својата насмевка на фото-тотемите поставени за таа цел. Во неделата во Домот на културата во Охрид се одржа претставата Волкот и трите прасиња во изведба на театарски и балетски уметници која ги воодушеви најмладите, додека пензионерите уживаа во игранката со Драган Мијалковски, потсетувајќи се на своите убави животни моменти.

Хуманитарната акција Подари насмевка ќе трае во текот на целото лето, во неа може да се вклучи секој хуман граѓанин кој има желба да помогне и тоа со едноставно подарување на својата насмевка. Учеството е многу едноставно! Потребно е само да ја посетите Facebook фан страницата на Стопанска банка fb.com/NaVasaStrana/app_713741715354213?ref=hl, да ги следите упатствата, и да креирате или да прикачите своја постојна фотографија како се насмевнувате.

Бројот на насмевки кои едно лице може да ги подари е неограничен, а колку повеќе насмевки се соберат, толку повеќе средства Стопанска банка ќе донира во детските здравствени центри низ Македонија.

Насмевка може да се дарува и на веб банерите поставени на интернет страниците, следејќи ги упатствата на екранот, или пак на фото-тотемите поставени во филијалите на Стопанска банка. Треба само да се следат упатствата испишани на екранот и едноставно да се насмевнете со вашата најубава насмевка.

„Насмевката е универзален јазик на добрината, подари ја!“