Hummer на електричен погон со 1.000 коњски сили

33

General Motors Company (GMS), што во General Motors е специјализиран за камионети и големи спортски автомобили, развива нова верзија на теренецот Hummer. Новата верзија наместо бучен мотор ќе има електричен погон.

Официјалната премиера на Hummer EV, којшто ќе ја носи ознаката GMS, ќе биде на 20-ти мај оваа година, а продажбата се очекува да почне идната есен.

Информациите говорат дека Hummer EV ќе има 1.000 коњски сили, а од нула до 96 километри на час ќе забрзува за само три секунди.

Фото: YouTube/Printscreen