Hyperloop успешно тестиран – Првите патници искусија како е да се патува со ултрабрз транспорт

67

Футуристичкиот концепт на транспорт под името Virgin Hyperloop го изврши првото тестно возење со патници.

Virgin Hyperloop подразбира капсули во вакуумираните цевки кои ги превезуваат патниците со голема брзина. Во пустината во Невада е извршено првото тестно возење со патници, пдносно два патника кои се вработени во компанијата Virgin Hyperloop, а траела само 15 секунди. Поминаа 500 метри, а достигнаа брзина од 172 км/ч.

Компанијата направи голем чекор напред во правец на развојот на нови видови транспорт на патници според идејата на Илон Маск.

Уште на крајот на 2017 година компанијата која се викаше Hyperloop One пред да ја преземе Virgin веќе демонстрираше брзина од 240 км/ч без патници.

Честа да го направат првото возење со Hyperloop им припадна на соосновачoт на компанијата Џош Гигел и на шефицата на одделот искуство на патници, Сери Лукија, кои без избрани меѓу 40 вработени кои се кандидираа за првото возење. Од компанијата велат дека и двајцата поминале интензивна обука и здравствени тестови пред да бидат испукани низ цевката, а нивното возење инженерите го следеле цело време.

Од Њујорк до Вашингтон за 30 минути

Со овој систем кој користи магнетна левитација патот од Њујорк до Вашингтон би траел само 30 минути.

Тоа би било двојно побрзо од комерцијалниот лет со авион  и четири пати побрзо од патување со брз воз.

Компанијата сака да ја заврши безбедносната сертификација до 2025 година и планира да започне со комерцијално работење до 2030 година.