Hyundai ги заменува клучевите со скенер за отпечаток од прст

23

Фото: Hyundai motors

Јужнокорејскиот автомобилски бренд Hyundai развива технологија што традиционалните клучеви од автомобилите ќе ги замени со отпечаток од прст. Освен за отклучување на автомобилот, технологијата овозможува и стартување на возилото.

Hyundai планира да ја имплементира оваа технологија првично во моделот Santa Fe SUV, што треба да се најде на одредени пазари во првиот квартал од оваа година.

За да отклучи возилото, возачот треба да го стави прстот на сензорот што се наоѓа на рачката на вратата.

Технологијата овозможува и персонализирано возење, односно соодветни информации за желбите на возачот, автоматско прилагодување на седиштата, подесување на ретровизорите и слично.

“Во иднина Hyundai Motors планира да ја прошири технологијата за да овозможи прилагодување на температурата во автомобилот, позицијата на воланот и голем број карактеристики што ќе бидат прилагодени на параметрите на возачот“, вели Алберт Бирман, претседател и одговорен на одделот за истражување и развој на компанијата.