Hyundai и Kia ги прекинаа разговорите со Apple, во еден ден загубија 8,5 милијарди долари

52

Производителите на автомобили, Hyundai и Kia објавија дека ги прекинуваат разговорите со Apple околу развој на автономен автомобил.

Како последица на тоа, акциите на Hyundai се намалија за 6,2% додека акциите на Kia Corp се намалија за 15%. Во еден ден се “избришани“ 8,5 милијарди долари пазарна капитализација на двата корејски автомобилски гиганти.

Hyundai имаше одредена резерва околу евентуален договор со Apple. Компанијата и претходно не сакала да соработува со други, а како причина за тоа се наведува моменталното високо ниво на вертикална интегрираност во рамки на концернот. Толку е голема интегрираноста што Hyundai во своја сопственост има и фабрика за производство на челик што се користи за склопување на возилата.

Фото: Facebook