Јужнокорејскиот Hyundai Motor и неговата филијала Kia Corp предвидуваа дека нивната комбинирана глобална продажба ќе скокне за 12,1 отсто во 2022 година, иако минатогодишните продажби се помалку поради недостигот на полупроводници.
Компаниите продадоа 6,67 милиони возила во 2021 година, што е за околу 3,7% помалку од нивната заедничка цел од 6,92 милиони автомобили, најмногу поради проблеми со снабдувањето, поврзан со недостигот на чипови, што ја намали понудата на возила.
Компаниите велат дека се насочени кон 7,47 милиони продадени возила оваа година.
Во 2022 година, Hyundai Motor планира да го прошири својот удел на пазарот и да ја зголеми својата профитабилност преку напори за стабилизирање на понудата и побарувачката на чипови, приспособување на распоредот за производство на возила, зајакнување на сериите на електрични возила и оптимизирање на профитот и загубата по региони“, велат од Hyundai Motor.
Недостигот поради проблемите со снабдувањето и зголемената побарувачка за потрошувачка електроника за време на пандемијата силно ја погоди автомобилската индустрија. Милиони возила ширум светот не се произведуваат поради недостаток на важни делови.
Аналитичарите велат дека целта на групата оваа година изгледа разумна.
Ли Џе-ил, аналитичар во Eugene Investment & Securities, очекува побарувачката за возила да остане силна во 2022 година, поддржана од постојаната побарувачка од потрошувачите кои не успеаја да купат автомобили минатата година поради недостиг на понуда.
„Недостигот на чипови се чини дека покажува некои знаци на слабеење… Сепак, зголемувањето на цените на суровините веројатно ќе влијае на нивната профитабилност“, додаде Ли.
Цената на акцијата на Hyundai Motor ја заврши трговијата со пораст од 0,7%, наспроти растот од 0,4% на реперот Kospi.