Hyundai развива возило што “оди“ и спасува во случај на катастрофа

18

Фото: Youtube

Јужнокорејскиот производител на автомобили, Hyundai претстави футуристички концепт на возило што може да се вози, да се движи и да се искачува по нерамен терен, пренесува Independent.

Станува збор за Elevate ultimate mobility vehicle (UMV), возило што може да се движи по непрооден терен, што според дизајнерите може да послужи за спасување во случај на природни катастрофи.

Користејќи тркала со роботски нозе, UMV може да одговори на многу поголеми предизвици од традиционалните теренски возила.