И Британија размислува да забрани пушење цигари во автомобили во кои се возат деца

31

child-smoking-carВо Велика Британија наскоро пушењето цигари во автомобили во кои се возат деца би можело да биде илегално, доколку помине предлогот на лабуристите. Тие бараат со закон да се забрани возрасните да палат цигари во приватните возила, кога во возилата се присутни и деца.

“Возрасните имаат слобода сами да одберат, но децата ја немаат таа можност и на општеството останува да ги штити од можните последици по здравјето. Ваквите законски измени имаат силна поддршка од јавноста”, изјави британскиот секретар за здравство Енди Бурнам.

Од спротивниот табор излегуваат со статистики дека 84% од пушачите не палат цигари кога во автомобилите возат деца, дека возрасните знаат како треба да се однесуваат и не треба на овој начин да им се мешаат во животот. Ако некој пуши додека има дете во автомобилот, треба да се едуцира, а не да се казни.

Според лабуристите, нивото на токсини од цигарите во автомобил е 23 пати повисоко отколку кога се пуши во домот.

Пушењето во затворени простории во Велика Британија е забрането од 2007 година.

Ваква забрана за пушење цигари во приватни возила веќе е на сила во Австралија, Канада и неколку држави во САД.