И денеска дожд

4

Времето во Македонија претпладне ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд и со ретка појава на грмежи. Попладне облачноста ќе се намали, врнежите ќе престануваат и ќе дува умерен, на места засилен северен ветер, кој ќе достигнува брзина до 70 км/ч. Дневните температури ќе опаднат и ќе се движат од 13 до 21 степен.

Во Скопје и околината слично време со температура до 18 степени.