Времето во Македонија претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со локални врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува умерен северен и северозапападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер.
Утринските температури ќе се движат во интервал од 11 до 21 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 24 односно до 35 степени.
Во Скопје и околината слично време со минимална температура до 14 степени, а максимална до 28 степении.