Туристите од Велика Британија се згрозени од гужвите на еден од најубавите острови во Грција, поради што велат дека нема да се вратат.
Незадоволните туристи велат дека нивниот одмор од соништата во Санторини се претворил во кошмар откако толпа туристи пристигнале од бродовите за крстарење.
Нивните поплаки доаѓаат една недела откако политичар на грчкиот остров ги советуваше локалните жители да останат во затворени простории бидејќи 11.000 патници на крстаречки брод го преплавија Санторини за еден ден.
Годишно 3,4 милиони луѓе доаѓаат на овој остров за да се восхитуваат на неговите бели згради и познатите зајдисонца, пишува Mirror.
Сепак, многу туристи се вратија од Санторини со чувство дека неговиот шарм е засенет од премногу гужви.
Се разгледуваат ограничувања
Грчките власти размислуваат да воведат ограничување на годишниот број на пристигнувања со крстарења на нивните познати острови, според Експрес.
Минатиот месец, премиерот Киријакос Мицотакис рече: „Мислам дека ќе го направиме тоа следната година“ во врска со планот за сузбивање на масовниот туризам.