И Hyundai го менува своето лого поради коронавирусот

89

Откако Audi, Volkswagen, Mercedes и уште неколку автомобилски производители ги променија своите амблеми, на истиот чекор се одлучи и Hyundai.

Автомобилските гиганти започнаа тренд со менување, односно разделување на своите логоа со што се приклучија во кампањата за социјално дистанцирање што е веројатно најважната мерка во борбата со пандемијата на коронавирусот и спречувањето на нејзиното ширење. Volkswagen групацијата активно се вклучи во промоцијата на оваа мерка, а сега се активираа и некои други компании како Hyundai.

Со пандемијата предизвикувајќи хаос ширум светот, здравствените експерти се согласни дека социјалното дистанцирање е најдобриот начин за прекин на ширењето. Тоа значи избегнување на јавни собири, но и едноставни работи како физички контакт. Автомобилските производители трпат големи штети поради пандемијата, како што е прекин на производството, откажување на промоции и премиери и Салони за автомобили, привремено затворање на продажни салони, а дури се „принудени“ и да ги менуваат своите логоа. Еден од последните производители кои се вклучија во оваа кампања е токму Hyundai.

Корејскиот производител реагираше во оваа кампања и преку својот Twitter профил го објави новото решение.. Логото на Hyundai во облик на закосена буква H всушност прикажува ракување на две лица. Со оглед на тоа дека во овој период се препорачува да се избегнува ракување и наместо тоа се препорачува поздравување користејќи ги лактовите, Корејците сега тоа лого малку го освежија.

Ракувањето со некого овие денови навистина не е препорачливо, а токму тоа е она што Hyundai сака да го порача со промената на својот амблем.

Преземено од Avtoplus.mk