И Монт Еверест затворен поради коронавирусот

56

Властите во Непал ја затворија планинската сезона на сите врвови на Хималаите, вклучувајќи го и Монт Еверест, поради коронавирусот, пренесува ВВС.

Планинарските експедиции нема да можат да ги освојуваат планинските врвови во Непал од 14-ти март до 30-ти април. Кина претходно ги откажа сите планинарски експедиции од северниот дел што е во нивна контрола.

Според тамошните медиуми, Непал секоја година заработува околу четири милиони долари од дозволите што ги издава на алпинистите.

“Одлучивме да ги стопираме сите туристички визи до 30-ти април“, рече Нарајан Прасад Бидари, секретар на премиерот на Непал.

Вообичаено, секој кој сака да се качи на Монт Евересрт треба да плати 11.000 долари за да може да учествува во експедицијата. Во овој износ не се вклучени дополнителни такси што се плаќаат на туристичките компании.

Локалните шерпази кои работат како планински водичи, исто така, ќе ги почувствуваат последиците.

“Девет клиенти од Кина и еден од Јапонија ги откажаа експедициите. Голем број тимови нема да дојдат, што е голема загуба за шерпазите како што сме ние, кои заработуваме на ваков начин“, вели шерпазот Лакпа, кој е оперативен директор на Pioneer Adventures.

Според податоците на Светската здравствена организација, кај над 125.000 луѓе е дијагностициран коронавирус во 118 земји ширум светот. Досега бројот на смртни случаи е околу 4.600.

Фото: Pixabay