И сонце и дожд

24

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Можна е и појава на пороен дожд со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од два до седум, а дневната од 11 до 19 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 18 степени.