Владата на Србија пропиша максимална малопродажна цена на нафтените деривати Еуро дизел и Еуро премиум БМБ 95 да изнесува 179 динари (94,28 денари), односно 171 динари (89,7 денари) за литар.
Според информациите во српските медиуми од министерството за трговија, туризам и телекомуникации, ова ограничување важи 30 дена со можност за продолжување.
Во соопштението по владината седница се вели дека тоа е направено со цел да се спречи поголемо нарушување и да се зачува животниот стандард на населението, имајќи предвид дека во претходниот период имаше пораст на цените на овие деривати, што директно влијаеше на поскапувањето на сите други стоки и услуги.











