IATA ги намали проценките за раст на авиосообраќајот

16

Авиосообраќајот ќе закрепне од пандемијата побавно од она што претходно се очекувало, бидејќи доцни процесот на вакцинирање и забавеното отворање на рутите по препораки на владите, соопшти меѓународното здружение за авиосообраќај (International Air Transport Association – IATA).

Светскиот авиосообраќај, мерен според бројот на патници и помината оддалеченост на летовите, оваа година ќе достигне 43% од нивото пред пандемијата. На крајот на минатата година IATA проценуваше поврат на 51% од нивото пред пандемијата.

За оваа година IATA предвидува 47,7 милијарди долари загуба во авиоиндустријата. Иако тоа е подобро во однос на минатогодишната загуба од 126,4 милијарди долари, IATA предупреди дека авиокомпаниите и понатаму имаат потреба од владина поддршка.

Фото: Pexels