IATA ги повикува владите да ги стимулираат патувањата

40

Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (International Air Transport Association – IATA) ги повика владите низ светот да ги стимулираат патувањата за да им помогнат на авиокомпаниите да закрепнат од кризата предизвикана од пандемијата, истакнувајќи дека на оваа индустрија ѝ се потребни дополнителни мерки за помош.

“Апелирам владите да ги разгледаат стимулативните мерки“, рекол Александер де Жунијак.

Владите досега обезбедија 225 милијарди долари за авиокомпаниите во форма на директна помош, субвенции, даночни олеснувања и заеми.

“Субвенционираните билети би можеле да бидат еден од начините на којшто државите би можеле да му помогнат на овој сектор“, рекол тој.

Според него, на авиокомпаниите не им се потребни дополнителни долгови.

Фото: Pexels