IBM отвора центар за поддршка во Хрватска

18

ibm-580x213

Американскиот ИТ гигант IBM ја одбра Хрватска како локација за нов центар за техничка поддршка. Хрватска е избрана во конкуренција на Словенија и Словачка, јавува ХРТ повикувајќи се на словенечките медиуми.

Според медиумите, Хрватите понудиле конкретни и подобри услови, односно даночни олеснување на кои Словенија не се согласила.

Претходно хрватските медиуми пишуваа дека инвестицијата би требало да се одвива во неколку фази и да се вработат околу 800 луѓе. Центарот најверојатно ќе се наоѓа во Загреб и ќе биде европски центар, не само регионален за неколку производи на IBM.