Ибрахимовиќ си купил огромен имот на шведско – норвешката граница

56

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ купил имот од околу 1.000 хектари во Шведска во вредност од три милиони евра.

Имотот се наоѓа на шведско – норвешката граница, има неколку куќи за одмори, а Ибрахимовиќ го купил, меѓу останатото, да ужива во своето хоби – лов и риболов.

Најбогатиот стрелец на Милан се наоѓа во Шведска, каде што Росоњерите и без најголемата ѕвезда го држат првото место во лигата.

Фото: Facebook