Icon Speak – маичка што ја олеснува комуникацијата при патување

20

IconSpeak-travel-tshirt-8
IconSpeak е интересна маичка со кратки ракави на којашто се испечатени 40 универзални знаци со чија помош луѓето може да комуницираат доколку патуваат во странство, Ufunk.

Без разлика дали некому му е потребно хотелско сместување, некаков вид на транспорт, храна, доктор, Интернет или тоалет, IconSpeak ќе го овозможи тоа. Честопати се случува локалните жители да немаат познавање од англискиот јазик и тогаш маичката може да биде многу корисна. Секако, помага и во случај кога оној што ја носи не го владее баш најдобро јазикот на земјата во којашто се наоѓа.

Таа е дело на тројца млади Швајцарци кои и самите по една авантура со скршен мотор во Виетнам сфатиле дека јазичната бариера може да биде голем проблем.

IconSpeak-travel-tshirt-2