Идевелоп за девет месеци прокнижи девет милиони денари загуба

60

idevelop

Компанијата Идевелоп од Скопје, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, работеше со загуба од 9.017.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата оствари 12.397.000 денари загуба.

Вкупните приходи од продажба на странски пазари во деветте месеци од 2016-та година изнесуваа 2.809.000 денари, додека истиот период лани достигнаа 493.000 денари.

Основна дејност на Идевелоп е останати услуги во врска со информатичката технологија и компјутери.