Иднината на британската економија е невообичаено неизвесна

41

Иднината на британската економија е невообичаено неизвесна, предупреди Централната банка на Велика Британија, укажувајќи на наглиот раст на бројот на заразени со коронавирусот и Brexit, пренесува ВВС.

Од тамошната централна банка порачуваат дека новите вакцини против коронавирус се добра вест за долгорочен раст, но бројот на заразени го кочи закрепнувањето.

Централната банка ја задржа каматната стапка на рекордно ниски 0,1% и ја потврди вредноста на програмата за поттик. Инфлацијата од 0,3% во ноември и понатаму е под целното базично ниво од 2%, а ќе се толерира инфлација повисока од тој процент доколку Brexit предизвика слабеење на фунтата и со тоа да ја зголеми цената на увозот.

Фото: Freepik