
Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) објави дека очекува глобалната побарувачка за нафта оваа година да порасне за 850.000 барели дневно.
Со тоа, оваа организација ја намали својата проценка за раст од 930.000 барели дневно, што ја предвиде минатиот месец, објави Oil Price.
Целиот раст оваа година се очекува во земјите во развој, а дополнителната побарувачка ја предводи Кина, наведе агенцијата во својот извештај за пазарот на нафта за февруари.











