Ikea овозможува купување на производи преку мобилна апликација

41

Шведскиот производител на мебел, Ikea има нова мобилна апликација со којашто корисниците ќе можат да купуваат производи откако ќе ги визуелизираат во контекст на нивниот дом. Со ова се намалува потребата за патување до продавниците на компанијата.

Ikea и претходно направи одредени измени на работењето со коишто се олеснува купувањето, како отворање на помали продажни салони во раздвижени градски места.

Апликацијата прво ќе биде достапна во Франција и Холандија, а до крајот на годината ќе има во Германија, САД и Кина, пишува Reuters.

Откако ќе визуелно ќе испробаат како мебелот од Ikea одговара во нивниот дом, корисниците ќе можат да нарачаат преку апликацијата. Порано ваков тип на нарачки се правеше само преку веб страната на компанијата. Купувачите сега ќе можат да го доближат својот телефон до одреден производ за да ги видат останатите текстури и бои од него, како ќе изгледа во собата или да го споредат со сличните производи од понудата.

Фото: Pexels