Ikea планира изградба на retail park во соседството

100

Градскиот секретаријат за заштита на животната средина утврди дека не е потребна студија за проценка на животната средина за изградба на трговскиот комплекс Ikea Retail park во Белград, пренесуваат српските медиуми.

Во решението се наведува дека носител на проектот долж автопатот Белград – Ниш јужно од наплатната рамка Бубањ Поток, а на парцелата чија површина е 162.000 метри квадратни е Ikea Србија.

Вкупната бруто градежна површина на просторот за овој проект е 32,6 илјади метри квадратни, а на локацијата е планирана изградба и на други објекти. Планирана е изградба и на 1.617 паркинг места.

Фото: Facebook