Ikea си направи реклама инспирирана од потегот на Роналдо

239

Потегот на канадската филијала на Ikea, инспириран од фудбалерот Кристијано Роналдо, стана вирален хит.

Стаклено шише го доби името Кристијано и се продава под описот “шише за повеќекратна употреба, само за вода“. “Пијте вода“, напишаа од компанијата на социјалните мрежи.

“Дајте им покачување за маркетинг тимот“, “Каков одличен маркетинг“, “Одлична, многу паметна идеја“, напишаа воодушевените купувачи.

За потсетување, Роналдо отстрани две шишиња Coca – Cola за време на пресот на Европското првенство ги замени со вода. “Пијте вода!“, порача тој. Со тој потег, Португалецот за кратко време направи акциите на Coca – Cola да загубат дури четири милијарди долари.

Фото: Ikea-Instagram