Илирика втора година по ред најпрофитабилен инвестициски фонд во Македонија

78

ilirikaФото: Илирика инвестициски фонд

Илирика Југоисточна Европа, со нето добивка од 16,4% во 2017 година, втора година по ред е најпрофитабилен инвестициски фонд во Македонија, стои во соопштението.

Обемот на средства во фондовите на Илирика во 2017 година, како што се наведува, бележат континуиран пораст, а особено динамичен раст има услугата Индивидуално управување со портфолио за сметка на клиент. Довербата на клиентите се потврдува преку натпросечната добивка и преку успехот на управување со нивните средства.

На инвеститорската средба и презентација на постигнатите резултати од работењето на Илирика во изминатата 2017 година, меѓу другото, беше презентирано и признанието Најдобар инвестициски фонд, коешто Илирика го доби од реномираната издавачка куќа АИ Глобал Медиа од Велика Британија.

ilirika-2“Вложувањето во инвестициски фондови е чекор којшто овозможува стабилно управување на личните или корпоративните финансии кои притоа растат, благодарение на внимателните инвестициски одлуки на нашите стручни инвестициски советници. Втора година по ред добиваме меѓународна верификација за нашите резултати од реномирани интернационални организации коишто ја одразуваат довербата во Илирика, а нам ни даваат мотив за уште поголем успех во вложување на средствата на нашите клиенти“, смета Коста Костадиновски, извршен директор на Илирика Фунд Менаџмент.

Присутните на Годишната инвеститорска средба се запознаа со најновите информации и случувања на македонската и на светските берзи, а беше искакнато дека Брокерското друштво на Илирика, трета година по ред, е број еден брокер за хартии од вредност во Македонија по остварен промет. Илирика ги претстави најзначајните постигнувања од минатата година и чекорите што ќе ги преземе согласно очекувањата за периодот кој следува.