Илјадници Британци ќе мора да работат на нива

77

Илјадници британски работници оваа година ќе мора да се вклучат во земјоделските работи за време на бербата, бидејќи сезонските работници не можат да доаѓаат од другите делови на Европа поради пандемијата од коронавирус, рече државниот секретар за животна средина, храна и рурални работи, Џорџ Јустис.

Во нормални околности вели тој, годишно околу 30.000 луѓе доаѓаат во Велика Британија, претежно од земјите на ЕУ, за да извршуваат сезонски земјоделски работи, а дека сега се тука само една третина.

“Ќе ни биде потребен голем број Британци, особено оние кои привремено останале без работа. Ќе имаат шанса ако тоа го сакаат“, изјави Јустис за радиото BBC.

Тој додаде дека има голем интерес од оние кои сакаат да работат и истакна дека се потребни десетици илјади луѓе за овие работни места.

Врвот на сезоната е кон крајот на мај и почетокот на јуни, додаде тој.

Фото: Pixabay