Илјадници британски пабови не ја преживеаја пандемијата

26

Илјадници британски пабови не успеаја да ја преживеат пандемија, а оние кои успеале во тоа ќе имаат потреба од финансиска поддршка “со години ако закрепнат“.

“Многу од пабовите повторно ќе бидат отворени со големи долгови“, рекол Дејв Маунтфорд од Форумот на британски пабови.

Според официјалните бројки, околу 2.000 пабови во Велика Британија трајно ставија клуч на врата.

“Земаа заеми за да излезат од кризата, но оваа дејност не успеа да закрепне“, рекол Маунтфорд, додaвајќи дека не се знае во колкав број луѓето ќе се вратат во пабовите, бидејќи луѓето веќе се навикнале да пијат во своите домови.

Британските угостителски објекти со месеци беа затворени поради рестриктивните мерки за сузбивање на пандемијата.

Фото: Pexels