Илон Маск може да заработи 55,8 милијарди долари од Tesla

26

17861699_272344193225863_2474685153871029516_n

Фото: Facebook

Основачот на Tesla Илон Маск доби одобрение од акционерите на компанијата за нов договор за плата што може да му осигура заработка од неверојатни 55,8 милијарди долари. Доколку ова се реализира милијардерот ќе ја добие најголемата ваква исплата во историјата на САД, пренесува The Guardian.

За да му биде исплатена оваа сума Маск ќе мора да ја “направи“ својата компанија вредна 650 милијарди во текот на следните 10 години. Со тоа Tesla ќе стане една од највредните технолошки компании во светот.

Таа во моментов е проценета на 54,6 милијарди долариа, додека богатството на Илон Маск се проценува на 20 милијарди долари.

За да ја добие највисоката “награда“ Tesla треба да вреди 12 пати повеќе од General Motors, најголемиот производител на возила во САД, чија што вредност моментално е 52,9 милијарди долари.