Илон Маск планира да лансира 4.000 сателити за цел свет да има интернет

40

elon musk

Директорот на Tesla Motors, SpaceX и Solar City, Илон Маск, официјално побара дозвола за лансирање на 4.000 сателити во орбитата, чија цел е целиот свет да има пристап до интернет, пишува порталот International Business Times.

Планот на Маск е предаден на американската федерална комисија за комуникации. Во неговиот говор во текот на јануари оваа година, Маск истакна дека овој огромен проект ќе им овозможи на луѓето во посиромашните региони во светот да имаат пристап до интернет, а ќе ги подобри и перформансите на интернетот во САД.

Маск не е единствениот претприемач кој јавно ја образложува идејата за проширување на пристапот до интернет низ целиот свет. Претходно, за оваа идејата се залагаа и Бил Гејтс и Ричард Бренсон, како и Facebook и Google.