Имаат помалку од 40 години, живеат во Кина и се збогатија за “само“ 223 милијарди долари

107

Млади милијардери од Кина, кои имаат помалку од 40 години, успеале да го зголемат своето лично богатство вкупно за повеќе од 223 милијарди долари, во време кога остатокот од светот се бори со последиците од пандемијата, пишува CNBC.

Кина оваа година имала 60 милијардери кои се помлади од 40 години, покажува Hurun Rich List. Оваа година има значителен пораст на акциите на компании што се занимаваат со технологија, што на многумина им помогна да ги со зголемат и така големото богатство.

Сега во азиската земја, од каде што започна пандемијата, има 878 милијардери со вкупно богатство што надминува четири билиони (илјади милијарди долари). Десет години претходно, Кина беше татковина само на 189 милијардери.

На врвот на листата се најде 39-годишната Хуијан Јанг, која се смета за најбогатата жена во Азија со богатство од 33,1 милијарда долари. Таа е мнозински сопственик на компанијата Country Garden, што се занимава со развој на недвижнини, а е основана од нејзиниот татко во 1992 година.

Фото: Freepik