Имате над 50 години и останавте без работа… Што понатаму?

176

Секој оглас за работа има нагласено услови што треба апликантите да ги исполнат. Но, понекогаш лица кои имаат околу 40 или 50 години се чувствуваат дискриминирано, бидејќи добар дел од компаниите сакаат да регрутираат помлади кадри.

Еве неколку корисни совети, што можат да ви помогнат да најдете работа иако имате 50 години…

Не го ставајте датумот на раѓање во својата лична биографија. Постоја земји во светот во коишто е сосема нормално да не се наведува возраста во кратката биографија или во апликацијата за работа.

Искористете ги своите контакти. Социјалните мрежи се одличен начин да се поврзете со ваши поранешни колеги, пријатели, познаници, кои би можеле да ви ја олеснат потрагата за работа. Во исто време, познавајќи ве вас, може да добиете одлична препорака што ќе биде важна за потенцијалниот работодавач.

Работа од дома, пишување блог… работата поврзана само со лап топ и интернет конекција не е само за помладите генерации. И луѓе со поголемо животно и професионално искуство би можеле одлично да се снајдат во работа од таков тип.

Бидете флексибилни и подготвени на учење. Доколку од вас се бара да го надоградите постојното знаење, не пружајте отпор, туку бидете подготвени да научите нешто ново. Тоа во очите на работодавачот ќе значи дека вие сте лице со голем капацитет, висок интегритет и желба за постојано совладување на новитети.

Фото: Pixabay