Имавте лош ден? Овие совети ќе ви помогнат

86

Сите имаме лоши денови, што е сосема нормално. Без оглед на тоа колку и да се трудиме да останеме позитивни, да внесуваме ведрина во секојдневието, нормално е да се соочиме со лош ден.

Но, не треба да очајуваме, бидејќи тоа не е крајот на светот, туку може да се најде начин како полесно да се “преживеат“.

Дишете длабоко

Вдишете и издишете длабоко и само така ќе ја воспоставите потребната рамнотежа, доколку лошиот ден ве “исфрлил“ од колосек. За момент “исклучете“ се од она што ви го донел лошиот ден и ќе успеете да се справите со лошите чувства.

Завртете на “позитива“

Имајте на ум дека не е секогаш сè е така црно. Сетете се на нешто убаво што ви се случило и така ќе успеете да се избавите од негативните мисли што ви го одземаат фокусот. Потпрете се на добрите искуства и праксата што ја имате во претходниот период за да можете да се избавите од лошата енергија.

Пуштете музика

Над некои работи понекогаш немаме контрола, па затоа и треба да се помириме со фактот дека некои работи не можеме да ги промениме. Затоа, ако чувствувате напнатост, најдете начин да се опуштите и да се “рестартирате“. Имајте ги нештата под контрола, па дури и во ситуација кога самите сте виновни за лошиот ден, не е лошо да си ја признаете грешката, да извлечете поука и да станете помудри за во иднина.

Фото: Pexels