Имплементација на проектот за воведување добри земјоделски пракси

23

Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството, Федерацијата на фармерите на Република Македонија и Даталаб денеска ќе потпишат Меморандум за соработка за реализација на проектот за воведување добри земјоделски пракси – компонента сметководство на фарма и евиденција на агротехнички мерки, преку информатичко – комуникациски технологии.

Со потпишувањето на овој Меморандум ќе се овозможи вклучување на дополнителни 100 фарми во примерокот на фармери кои ќе користат модерни информатичко-комуникациски технологии за потребите на водење на сметководство на фарма и евиденција на агротехнички мерки.

Преку овој проект се воспоставува платформа во неколку земји од ЕУ, која треба да обединува клучни апликации, технологии и услуги, софтверски и мобилни апликации за менаџирање на фарма.