Ин Такси отсега и во Куманово и Гостивар

412

in taksiИн Такси отсега ќе ги нуди своите услуги и во Куманово и Гостивар. Во Гостивар компанијата ќе биде препознатлива по името Беверли Хилс, додека во Куманово како Џокер Такси. Во двата града се распоредени околу 30-тина возила кои имаат Бренсис системи за следење, клима уред. Со оглед на квалитетот на возилата со коишто располага компанијата, намалено е емитувањето на штетни гасови.

Досега свои подружници Ин такси има во Струмица, Тетово и Битола кои ги покрива со повеќе од 150 возила, а одличните резултати во работењето овозможија ширење на компанијата и во следните два града.

Компанијата располага со повеќе од 200 луксузно опремени возила кои поставуваат нови стандарди во такси превозот во Македонија. Големата мрежа на подружници ја стави Ин такси за прва национална такси компанија.