INA и MOL преземаат третина од сопственоста на OMV – Словенија

41

Хрватската нафтена компанија INA го потврди склучувањето договор со унгарскиот MOL, со што ќе се зголеми сопственичкиот удел во OMV Словенија од постојните 7,75 на 33 проценти, пишува Пословни дневник.

Се наведува дека формализирањето на односите меѓу двете компании е објавено пред три месеци, откако австриската OMV објави дека ја прифаќа нивната понуда да ги откупи преостанатите 92,25 проценти во својата словенечка компанија.

Деталите за односот помеѓу INA и MOL кои се договорени не се објавени. Австрискиот ОMV посочи дека завршувањето на овој процес би било реално да се очекува на почетокот на следната година.