Инбох – бизнис иновација на македонскиот пазар

295

inbox

Инбох е иновативен систем за архивирање на македонскиот пазар којшто обезбедува брза и лесна достапност на информациите и е спој на добро познати технолошки достигнувања во нов бизнис модел, што интегрира три технологии. Инбох не е 100% физичка архива, ниту е 100% дигитална архива, а употребените технологии дозволуваат по потреба на клиентот да се претвори во едно или друго, што е неговата уникатност, соопштуваат од компанијата.

“Оригиналот е еден и тој најстрого мора да се чува во безбедносно депо. Од него се прави електронска копија која може да се употребува само доколку имате авторизација да ја користите. Не можете да станете, да отидете до документот и да си го земете, отворите и употребувате бидејќи документот не се наоѓа кај Вас. Тој се наоѓа во Инбох, а за да го добиете ќе мора да го побарате, а тогаш ќе се утврдат привилегиите за пристап, потоа се прави запис за барањето што ќе остави трага, и така се креира можност за тотална контрола кој, кога и што барал“, вели Стојче Тасков, креатор и сопственик на Инбох.

i2

“Кога барате документ, дали навистина ви треба документот или ви требаат информациите што се напишани во тој документ? Во 95% од случаите ви требаат само информациите, а не самиот документ како парче хартија. За да може да функционира моделот, претходно е потребно да се изработи електронски регистар на архивата каде ќе се запишат и мапираат архивските планови на клиентот и неговите пребарувачки индекси“, додава Тасков.

Голем дел од успешните бизниси и институции во Македонија започнаа да го користат овој иновативен систем, длабоко уверени во неговите вредности. Инбох е изграден на Американска технологија за управување со хартиени и електронски документи – ENVISION. За пет години постоење, создаде капацитет од 35.000 м3 специјализиран простор за архивски депоа, поседува технологија за дигитализација на сите можни видови документи, од бизнис картичка до А0 и поголеми формати, како и технологија за ласерско и 3Д дигитализирање на вредни документи, микрофилмски скенери, скенери за рендгенски и други транспарентни документи.