Индекс на цените на угостителските услуги за јуни

17

Индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2018 година, во споредба со мај 2018 година,  остана на исто ниво, соопштија од Државниот завод за статистика. Споредено по групи на услуги, единствено е забележано зголемување кај ноќевањата од 0,1%.

Инаку истиот индекс, пак, бележи пораст во однос на јуни минатата година и тоа за 1,6 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јуни 2018 година, во однос на истиот период од лани, е зголемен за 1,6 %, додека во однос на декември 2017 година е зголемен за 1,0 %.