Индекс на цените во земјоделството во јуни

19

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во јуни 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 5,9%, а кај аутпутот намалувањето изнесува 2%.

Во јуни 2015 година, во споредба со јуни 2014 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 93,7, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 101,2.

Во делот аутпут, во јуни 2015 година, во споредба со јуни 2014 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 98,2, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 97,7.