Индекс на цените во земјоделството во септември

3

Индексот на цените во земјоделството во септември 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 7,5%, а кај аутпутот е намален за 2,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во септември 2015 година, во споредба со септември 2014 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 92, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 101.2.

Во делот аутпут, во септември 2015 година, во споредба со септември 2014 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 97,9, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 96,5.