Индекси на цените на угостителските услуги во јули

12

11

Фото: Pexels

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јули 2017 година, во споредба со јуни 2017 година, остана на исто ниво.

Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0,8%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јули 2017 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0,7%, додека во однос на декември 2016 година е зголемен за 0,4%.