Индекси на цените во земјоделството во декември

21

zelencuk

Фото: Pixabay

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во декември 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот e зголемен за 1,7%, а кај аутпутот е намален за 2%.

Во декември 2016 година, во споредба со декември 2015 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 101,8 а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99,7.

Во делот аутпут, во декември 2016 година, во споредба со декември 2015 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 98,8, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 95,8.