Индекси на цените во земјоделството во октомври

3

Цените во земјоделството во октомври 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот се намалени за 5,3%, а кај аутпутот се намалени за 2,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во октомври 2015 година, во споредба со октомври 2014 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 94,4, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100,5.

Во делот аутпут, во октомври 2015 година, во споредба со октомври 2014 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 97,1, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 97,5.