Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар 

14

Во јули 2015 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0,8% на месечно ниво, односно за 4,8% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јули 2015, во споредба со јуни 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,5%, Енергија за 0,4%, Трајни производи за широка потрошувачка за 0,4%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,2% и во групата Капитални производи за 0,1%.

Во јули 2015, во споредба со јули 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 10,7%, Капитални производи за 4,3%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,5% и во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0,5%.