Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари

40

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 0,1% на месечно ниво, а се пониски за 9,2% на годишно ниво.
Во март 2016, во споредба со февруари 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 4,5% во секторот Рударство и вадење на камен, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 0,3%.
Во март 2016, во споредба со март 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 9,1%, а во секторот Преработувачка индустрија за 9,2%.